Разводот на Јелена Карлеуша – е еден од најбараните термини на „Гугл“. Пејачката и фудбалерот минатата година имаа бројни проблеми, но тоа не влијаеше значително на нивниот брак. Сепак, јавноста се интересираше за нивниот развод кога Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша престанаа да се следат на социјалните мрежи и да објавуваат заеднички фотографии.

Јелена Карлеуша никогаш не го спомна разводот јавно. Душко и таа живеат во заедничка вила на Дедиње, но често се разделуваат поради неговата работа. Душко поминува поголем дел од годината во Кина, додека Јелена своето време го посветува на нивните ќерки.

Сепак, кралицата на „шоу-бизнисот“ повремено ја скокотка фантазијата на публиката со изјава или провокативна фотографија. Во последно време нејзините провокативни изданија станаа почести, а Јелена откри дека токму тоа е причината што Душко повеќе не ја следи на „Инстаграм“.