Српската пејачка Јелена Карлеуша на своите настапи има традиција кога ја пее песната „Иде маца околу тебе”, на сцената да извади момче од публиката, кое го расоблекува и му игра заводливо.

Но, колку и да им се допаѓа тоа на момците, сепак постојат последици од ваквото однесување.

Па така, момчето кое Карлеуша последен пат го расоблече на настап на Копаоник, доби отказ!

Се работи за банкар кој само сакал добро да се забавува, меѓутоа овој стриптиз не им се
допаднал на неговите менаџери.

Освен што бил расоблечен на сцена, Карлеуша напоменала дека момчето било многу пијано, па
и тоа допринело кон одлуката менаџерите да го отпуштат од работа.