Чаирскиот романтичар Владо Јаневски, демистифицирајќи го епитетот што редовно следува крај неговото име, Чаир всушност го открил на 15-годишна возраст. Претходно светот му се вртел околу Стара железничка. Го открил доцна, но таму е свој. Впрочем “химнатаè што му го “залепиè она – чаирски романтичар е доволен доказ. А таа само една во низата волшебни љубовни теми за разнежнување женски и скротување машки срца. “Свесен сум дека женската популација ми ја држи кариерата на нивото на кое што е. Мажите се поинертни и ги засакуваат песните откако ќе им се сврти внимание. Површноста ни е маана. Затоа паметниот маж треба да си ја консултира женската половина. Барем во мојата работа тоа го правамè, вели Владо, притоа не срамејќи се да признае дека неговата муза Вера му е најстрог критичар.
Зошто после седум години повторно и` се додворувате на македонската јавност, нели можеби мислите дека е лицемерно? И зошто токму седум години, делува некако како она – проклетството по скршено огледало?!

Владо: Знаев дека ќе се бараат некои тајни, скриени значења во сето ова, ама нема ништо од тие шпекулации. Иако добро би звучело да се каже дека сум имал некоја космичка сила што ми кажува што и како да правам. Премногу е случајна целата приказна. Седум години е мистериозна бројка, ама сў е само затоа што сега сум многу почувствителен на човечкиот момент. Луѓето се повредливи и знам дека може да се навредат ако видат мое интервју во весник од друга држава, а тие не добиле. Сакав да ве заштитам вас и да не го навредам вашето достоинство. Вашата професија е чесна како и мојата и ако некој заслужил изјави тоа сте вие.
На прес-конференцијата по повод враќањето рековте – ајде да го заборавиме она што се случуваше наназад и побаравте нежност. Нели можеби стравувавте од реакцијата, од злопамтилата или дека по сў премногу барате и поради тоа ќе Ве фатат на нож?
Владо: Има различни луѓе. Неизбежно е дека некој можеби ќе го сфати наопаку целиот концепт, ама има една стара поговорка која вели “Тој што подготвува отрови нема начин да не се отруе и самиотè. Така што ако некој е негативен и злопамтило поголема штета ќе има отколку јас. Повеќе се заморувам со човечката добрина, а кој сака да памети лошо слободно може…

Повеќе во печатеното издание на Вечер

Александра ТИМКОВСКА