Владата започна нова кампања „Празнувај одговорно“ како препорака граѓаните да внимаваат со кого и со колку луѓе ќе ги прославуваат празниците.

Според првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Краџовски тоа е така бидејќи не може да се забранат прослави, но славењето треба да биде одговорно  без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.

– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел на државата. Повторувам, доколку е одговорно прославувањето, со почитување на мерките и во домашни услови со луѓе кои ги познавате и луѓе кои со сигурност ги почитувале мерките за носење маска и држење на дистанца во периодот пред прославата. Не е добро да се групираат луѓе. Всушност и целта на овие мерки е да се избегне групирање на поголема група на луѓе, истакна Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Караџовски рече дека актуелната состојба со вирусот во моментот е стабилна, но со широко распространета инфекција насекаде во државата.

– Не е во ред оваа моментално подобрена состојба со намалување на 11,4 посто од вкупиот број на позитивни лица во последните 15 дена, да ја расипеме, нагласи Караџовски