Караџовски не беше ти дечкото кој пред изборите шлакнато насмеан убедуваше дека нема потреба од паника оти ја имате короната под контрола и ќе сме поминеле само со 2500 заразени и околу двеста мртви? Малку утна а? Имаме само 1000 починати и 25000 заразени, вели актерот Сашо Тасевски на Фејсбук.

Денес истиот тој фраер, шири невидена паника и повикува на спроведување најстроги мерки за заштита, иако некои од нив го кршат уставот, да ти влегува дома полиција по допрен глас, не зашто чуваш пет кила кокаин, туку ако имаш повеќе од пет гости дома. Значи додека ви беа важни изборите да останете на власт можеше и кафани да работат, плажи диска, концерти да има, отворивте граници со Косово и Албанија да може без тестирање да се оди за бизнисите на ДУИ да течат и сега оп, тоталитаризам и силеџиство во пракса, потенцира Тасевски.

Тој го прашува Караџовски кој сака да му верува по сето ова до сега видено и невидено? Па уште народот крив?

Се угледувате на Франција-манција, на Словенија? Вода у очи немате. Прво од вас барајте дисциплина, па после од народот. Ќе малтретирам народ со строги мерки, ама до пола, каде што може ќе подзамижам ако се во прашање бизниси. За жалење сте.  Југославија во 1972 за три дена вакцинираше 18 милиони луѓе. Што не истестиравте вие два милиони за овие осум месеци? Па да ги покриете трошоците за тестовите барем делумно, да не ги плаќаме приватно по 70 евра. Тоа е држава. Ама лапате проценти и од приватните лаборатории. Хохштаплери едни.  За што плаќаме здравствено цел живот? За пак во приватно да се лечиме, оти јавното здравство е во колапс, зашто тоа ви беше целта, пишува Тасевски на Фејсбук

Караџовски не беше ти дечкото кој пред изборите шлакнато насмеан убедуваше дека нема потреба од паника оти ја имате…

Posted by Sasho Tasevski on Среда, 28 октомври 2020