Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изрази очекување дека на хашките бегалци Ратко Младиќ и Радован Караџиќ ќе им се суди пред некој друг суд, доколку не бидат уапсени до истекувањето на мандатот на Трибуналот во Хаг, пренесува МИА. “Ако не бидат уапсени до 2011 година кога ќе бидат заклучени жалбените постапки (во Хаг), во тој случај Советот за безбедност на ОН би морал да донесе одлука, сепак, некој да им судии, вели обвинителката во интервјуто за љубљански “Дневник”. Таа оцени дека неопходно е да се уапсат Младиќ и Караџиќ до септември, пред истекот на нејзиниот мандат, нагласувајќи дека мандатот на Хашкиот трибунал би можел да биде продолжен доколку дојде до нивно испорачување пред судот “да ја затвори вратата”.