Унапредување на политичките и економските односи со пријателска Република Албанија, како и на правата на македонското малцинство, ќе бидат меѓу приоритетните дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов, кој вчера пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави својата платформа

-Постои нагласен интерес за соработка во информатичката област, каде Албанија заостанува зад нашата држава, штом би се остварило со потпишување меморандуми за соработка на министерско ниво, истакна Карајанов. Според него особен интерес постои, и за нашите искуства во процесот на евроинтеграциите, со оглед дека Албанија се уште чека на статус на кандидат за членство во ЕУ.

Македонија, пак, според него очекува поддршка од Тирана за полноправното членство во НАТО. Во однос на македонското национално малцинство рече дека проблем е признавањето на нивните права, за што тој посебно ќе се заложи.
Во текот на дебатата тој доби поддршка од пратениците за неговото именување на дипломатската позиција како дипломат од кариера со богато искуство.