Алекасандар Карагогревиќ од Словенија бара да му се врати имот во таа земја зашто сопственици на тој имот се неговите предци. Имотот што го бара Караѓорѓевиќ уште по Втората светска војна бил национализиран и сега во сопственост на државата Словенија. Според тужбеното барање поднесено во судот тој бара дел од брдо кај Крањ, каде што се наоѓа некогашната кралска резиденција.

Засега се знае само дека судот во Крањ повел постапка и расправал по доставеното барање. Судот треба да одлучи во рок од два месеци дали на династијата ќе и го врати имотот. Наследникот Алекасандар Караѓорѓевиќ во судот го застапуваат тројца адвокати.