Илон Маск, ексцентричниот шеф на компанијата за производство на електрични автомобили Тесла, вчера повика на брзо придвижување на американската економија и го оцени воведувањето на карантинот како фашистичка мерка.

За време на конференциски повик Маск остро ги нападна рестриктивните мерки воведени за да се сузбие ширењето на коронавирусот.

„Искрено, јас тоа би го нарекол затворање на луѓето во нивните домови, против сите нивни права загарантирани со уставот“, кажа Маск. „Тоа ќе предизвика голема штета, не само на Тесла туку и на многу компании“.

Phil LeBeau@Lebeaucarnews

$TSLA CEO @elonmusk blasts shelter in place orders: “To say that they cannot leave their house and they will be arrested if they do, this is fascist. This is not democratic, this is not freedom, give people back their god damn freedom.”

18.6K

Twitter Ads info and privacy

4,720 people are talking about this

Компанијата на Маск во првиот квартал во 2020 имаше 16 милиони долари профит.

„Тоа е фашистички. Тоа не е демократски“, порача Маск реферирајќи на мерките за ненапуштање на домовите во САД.

Американските здравствени функционери тврдат дека наведени мерки се клучни за успорување на ширењето на заразата. Во САД од коронавирусот умреа над 60 илјади луѓе. Претходно Маск на социјалните мрежи повика на брзо отворање на американската економија.

„Ослободете ја Америка сега“, твитна Маск, кој има повеќе од 33 милиони следачи на Твитер.

Elon Musk@elonmusk

FREE AMERICA NOW

293K

Twitter Ads info and privacy

95.5K people are talking about this

Претходно месецов американскиот претседател Доналд Трамп објави слични твитови со кои повика на „ослободување“ на неколку американски сојузни држави.

Твитот на Маск беше споделен над 55 илјади пати.

Маск во март на Твитер ја заговараше идејата дека вирусот ковид-19 може да се лекува со лекови против маларија.

Тоа со недели го промовираше Трамп, а американската Агенција за храна и лекови (ФДА) неодамна издаде предупредување хлорокин и хидроксихлорокин да не се користат надвор од болниците и клиничките истражувања бидејќи можат да предизвикаат сериозни нуспојави, како тешки нарушувања на срцевиот ритам.