Снегот во овој период од годината може да биде фатален за возачите, бидејќи многумина возат со летни гуми.

 Повеќе од 50 возила учествувале во сообраќајна несреќа на автопатот во Чикаго, откако снежното невреме ненадејно го погоди тој дел од САД во средата.

Според локалните медиуми, противпожарната служба во Чикаго и 12 амбулантни возила интервенирале поради големиот број искршени автомобили, а во несреќата повредени се најмалку 14 лица.

Во видеото од верижниот судир, може да се видат возила како се удираат едни во други бидејќи возачите не успеваат да застанат навреме заради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

Овој инцидент во Чикаго не потсетува дека условите на патот понекогаш можат да се променат многу брзо, особено кога помеѓу едно и друго годишно време.

Дополнителен проблем е што многу возачи – заради намален интензитет во сообраќајот заради пандемијата – се опуштија и возеа побрзо од вообичаеното.