– На Бугаринот паметот секогаш му доаѓа следниот ден, така е и со колегата Зоран Заев. Историјата е општа, но треба да разјасниме каква. Таа е општа, но бугарска историја. Ова го коментираше вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, објави БГНЕС од Велико Трново.

Вицепремиерот го опиша интервјуто на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, што тој го даде за БГНЕС, како мал чекор напред во вистинската насока.

– Затоа му честитам на Заев, тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ова е мал чекор во вистинската насока. Ако е тоа така, мислам дека следната година можеме да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес, додаде Каракачанов.

Тој беше категоричен дека Бугарија мора да го брани својот национален интерес.

Извор: https://bgnesagency.com