Нови преписки на релација Заев-Каракачанов откако Бугарија веќе и втор пат ја блокираше Македонија на патот кон Европската Унија. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов сега вели дека се му кажал на Заев како и дека нема да отстапат, но три години не се реагирало.

Според него пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во ЕУ нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата.

Каракачанов истакна дека бугарската позиција е правилна и Бугарија мора да се грижи за своите интереси.

Му кажав на премиерот Заев дека тие ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои, сепак, немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси – вели Каракачанов.