Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за телевизија „Сител“ вели дека блокадата на пристапните преговори за Македонија во декември ќе биде добра за односите меѓу двете земји.

– Јас мислам дека ќе биде добро, затоа што некои политичари ќе ги натера во Македонија да се пробудат од длабокиот југословенски сон и да разберат, дека не може со, како да кажам со полувистини, не може со празни ветувања кои немаш намера да ги реализираш да влезеш во ЕУ. Тогаш можеби сите тие политичари кои општо земено ништо не направија во овие 3 години да направат нешто корисно за сопствената држава, рече Каракачанов.

Според него во Македонија не сме разбрале дека меѓудржавните односи треба да имаат чесни односи и да видиме што во изминатите 30 години прави Бугарија за Македонија, а што Македонија за Бугарија.