На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.