Капка по капка, големо море љубов за децата!
Прексиноќа, на ТВ-екраните популарната емисија на Весна Бејби зрачеше во поинаков сјај -“Вртелешка” го прослави својот петти роденден, пулсирајќи со едно најголемо срце за најмилите, за децата. Водителката и многубројните гости имаа за цел да развијат позитивна енергија, искра за живот, комуникација меѓу хуманите луѓе и успеаја во тоа. Емисијата беше посветена на собирање парични средства за подобрување условите во Детската клиника во Скопје, преку телефонски јавувања на гледачите (кои донираа по 100 денари од повик). На линиите се најдоа над шеесетина познати личности- коорганизаторот здружението “Пеперутка”, д-р Зоран Гучев, директорот на Клиниката, младите актери од “Бејби шоу”, Есма Реџепова- Теодосиевска, Калиопи, Васил Зафирчев, Иво Лауренчиќ од ИДЕА Плус, д-р Срѓан Керим, Ристо Лазаров, Ема Кушевска (чии уметнички слики се продаваа во студиото), Миле Стојковски, Биба Додева, Камелија Левенска од МОБИМАК, Радмила Шеќеринска, Божидар Јанковски, д-р Жан Митрев, Тања Кочовска, Пепи Ренџов, Влатко Ѓорчев, Ермира Мехмети, Сенко Велинов, Виолета Томовска, Верче Пандиловска, Каролина Гочева, Тамара и Тијана Тодевски, Александар Масевски, Александар Ношпал, Иван С. Мирчевски, Кристина Арнаудова, Ненад Георгиевски, Ранко “Буба Мара”, Ламбе Алабаковски, Дарко Димитров, К-15, Росана, Дарко Гелев-Брејк, Бени Шаќири, Владо Георгиев, Искра Џамбазова, Борјан Јовановски, и многу други.
(Ва.Ѓ.)
Фото: А. Ивановски