x

Капитенот се врати на тренинзите: Бејтулаи за посилна Шкендија!

nova-2

По двонеделна пауза поради повреда на коленото на мечот меѓу Македонија и Косово, Егзон Бејтулаи, стоперот а воедно и капитен на Шкендија се врати на тренинзите. Сепак дали еден од најдобрите дефанзивци во лигата утре ќе се најде во тимот на тетовци против Работнички, во меч од 10.коло во ПМФЛ, знае само стратегот Ернест Ѓока.

Шкендија и без помошта на својот капитен во минатото коло го совлада Вардар со 5:1. Секако дека враќањето на Егзон Бејтулаи на тренинзите е супер вест за сите во клубот, но и за сите фанови на Шкендија. Се разбира дека со него тимот ќе биде уште посилен во наредниот период.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата