x

Капитенот Рамос свикал итен состанок во соблекувалната на Реал, сите се за Зидан, освен двајца!

real-madrid

Како што пишува шпански „АС“ утринава на барање на капитенот Серхио Рамос, бил свикан итен состанок во соблекувалната на Реал, на кој присусвувале само играчите. Јасно е дека по последните катастрофални игри и порази почна да се “палат“ црвените светла во “кралскиот“ клуб. Како што се пренесува на своите соиграчи им се обратил Рамос, а потоа и Модриќ. Имало големи критики, но и самокритики. Тренерот Зинедин Зидан не бил на состанокот, но затоа бил информиран дека ќе се одржи. Како што се шпекулира него му е дадена поддршка од страна на речиси целиот тим, само двајца отворено застанале против Зизу, а тоа биле Иско и Мариано Диаз.

Инаку денеска се шпекулира дека потеницијален наследник на Зидан на клупата на Реал е Маурицио Покетино.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата