x

Капело верува во Милан: Како играат, можат да бидат шампиони

capello

Трофејниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело (74) верува дека Милан може да оди до крај и да ја освои титулата во Серија А. Тој ја пофали работата на тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли за кого верува дека е клучна алка во тимот.

„Победите против Наполи (3:1) и Фиорентина (2:0) во последните две кола беа импресивни, особено онаа против Наполи. На двата натпревари, Милан го наметна својот ритам и ја контролираше играта како што тоа го прават големите тимови. Милан има право да цели високо и сигурно дека е кандидат за освојување на титулата“, вели Капело.

„Но, ќе биде тешко, бидејќи Интер и Јувентус се екипи кои се полни со квалитетни играчи, а Наполи, Лацио и Аталанта се закануваат од позадина“.

За Пиоли, Капело имаше само пофални зборови.

„Пиоли има големо знаење. Додека ги предводеше Лацио и Фиорентина се истакна со своите идеи и покажа карактер. Сепак, има и такви кои го потценуваат без причина”, изјави Капело, кој освои четири титули со Милан од 1991 до 1996 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата