x

Капарош: Штета што не играме дома, не чека тежок меч со Македонија!

kaparos

Пред утрешниот натпревар, последен во Лигата на Нации во сегментот Ц, меѓу Ерменија и Македонија, на денешниот прес свој коментар даде селекторот на Ерменската селекција Хоакин Капарош.

Штета што не играме дома, ќе беше се поинаку ако со Македонија натпреварот го игравме на свој терен. Овој натпревар со Македонија ќе биде тежок меч и за двете репрезентации. Не кријам дека имаме проблеми на физички план. Сепак ова е многу важен меч и очекувам Ерменија да одигра најдобро што може. Ќе дадеме се од себе да дојдеме до победа, во цела Ерменија се чека овој натпревар. Се надевам дека и спортската среќа ќе биде со нас“ истакна Капарош.

Покрај Капарош свое видување имаше и репрезентативецот на Ерменија Артак Григорјан.

Расположението и атмосферата во нашиот табор е на високо ниво. Посебно сега откако ја победивме Грузија на нејзин терен. Секако дека ќе се обидеме да ја победиме и Македонија, која покажа дека има силна репрезентација. Ова е многу важен меч за нас“.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре во Никозија, на стадионот ГСП со почеток од 18 часот по македонско време.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата