Германските фудбалски репрезентативци Михаел Блак и Оливер Кан ќе добијат отштета од по 50.000 евра од компанијата Беате Ухсе, откако ја тужеа за “навреда на личноста”. Фирмата , која дистрибуира еротски помагала ги искористи играчите во продажбата на своите вибратори.

Спортско- стопанскиот-правосуден случај во јавноста се појави уште изминатото лето. Во пресрет на Светското првенство во Германија, една домашна компанија се реши да ја искористи популарноста на некои од членови на “Елфот”.
Концернот кој дистрибуира еротски помогала преку една сестринска фирма стави во својата понуда вибратори што ги нарече Михал Б. и Оли К.

Се разбира фудбалерите не сакаа само така да преминат преку целата оваа работа, па компанијата Беате Ухсе заработи тужба за навреда на личноста и нарушување на угледот.

Граѓанскиот суд во Хамбургер деновиве пресуди во полза на германските репрезентативци. И Кан и Балак на овој начин дополнително заработија на вибраторите. Судијата објасни дека на германските фудбалери со маркетиншкиот трик тешко им е навредена личноста, па на тужителите им додели отштета во висина од 50.000 евра.

Не е познато како поминала фирмата со продажбата на вибраторите со имињата на фудбалските ѕвезди.