На твитер-профилот на Канје Вест е објавена порака со која тој ѝ се извинува на Ким Кардашијан, по твитовите со кои раперот „го закопа“ познатото семејство, а мајката на Ким, Крис Џенер, ја нарече Крис Џонг Ун.

Би сакал да ѝ се извинам на мојата жена Ким што излегов јавно со нешто што е приватна работа. Не ја покрив како што таа ме покрива мене. Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше покрај мене, напиша Канје.

Членовите на семејството Кардашијан се загрижени дека Канје боледува од биполарно пореметување. Пред четири години пејачот завршил на психијатрија и оттогаш повремено е на лекови. Ким во повеќе наврати изјави дека таблетите го менуваат и затоа не ги пие редовно.

Американските медиуми по скандалот се обиделе да дојдат во контакт со Ким и со нејзините адвокати, но таа одлучила да не коментира ништо околу овој случај.