Кајне Вест го закажа својот прв митинг во обид да победи на претседателските избори во 2020 година, објави Политико.

Според документот за кампања, до кој дошол медиумот, раперот ќе го одржи својот прв настан на 19 јули во Северен Чарлстон, Јужна Каролина.

Публиката ќе ја сочинуваат само регистрирани гости, од кои ќе се бара да ги почитуваат сите наметнати мерки за борба против пандемијата на коронавирус.

Вест објави дека се приклучува на претседателската трка на 5 јули, иако подоцна беше објавено дека тој ја укина кандидатурата.