Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска објави дека филмот “Ослободување на Скопје” е првиот што согласно новиот закон може да добие поврат на средства.

Се работи за закон каков што има во повеќе земји кои се борат да привлечат странски продукции, а кој им овозможува олеснувања на странските продуценти кои може да добијат назад дел од финансиите кои ги вложиле во филмот.

“Ме радува што филмот се реализира во предвидената динамика. Ме информираа дека снимањето се одвива добро. Раде Шербеџија влезе со цело срце и душа во снимањето на филмот. Се очекува следната година филмот да го види и македонската јавност”, рече Канческа-Милевска по посетата на екипата на филмот во режија на Раде Шербеџија.