Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот министер за економија Петар Алтмајер денеска ја разгледувале можноста за стопирање на работите околу гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија, а во рамки на воведување санкции на Москва поради труењето на опзицискиот критичар на Кремљ Алексеј Навални.

Германија се советува со европските и НАТО партнери за тоа како да одговори ако Русија не сака да помогне во расветлување на она што се случило со Навални, кој инаку се лекува во болница во Берлин, поради како што рекла Меркел, обид за убиство со нервен агенс новичок, пренесува Ројтерс.

Голема тема во рамката на советување со сојузниците е иднината на Северен тек 2, кој треба да го удвои капацитетот на постоечкиот Северен тек 1, гасовод од Русија до Германија, а кој со работа треба да почне следната година.

Гасоводот е комплетиран повеќе од 90 отсо, а на состанок на со својата конзервативна парламентарна група Меркел го повторила повикот ЕУ да одговори на нападот на Навални, но и заземала внимателен став спрена гасоводот, рекле учесниците.

Таа пратениците ги известила дека слушнала поединци кои зборуваат за Северен тек 2 но во контекст со одговорот на ЕУ но и дека постојат поделени мислења.

 

Извор: Novosti.sr.