КАНОНАДА НА ГОЛОВИ, НО И ПРОМАШУВАЊА
Во првата од двете средби, што се играат во Скопје, Металург му ја наполни мрежата на грузискиот претставник Мамули од Тбилиси, совладувајќи го со убедливи 43:22 (16:12). Со оваа победа металурзите практично се во 3. коло на Купот на ЕХФ, па така, денешната повторна “пресметка” со Грузијците во “Кале” (11 ч.) ќе биде само формалност. Зашто очигледно беше дека разликата во класа меѓу двајцата противници е голема. Самиот натпревар има- ше две различни полувремиња. Во првото полувреме гостите по големите грешки во нападот и во одбраната на домашниот тим, но и одличните одбрани на Робакидѕе, одржуваа резултатска рамнотежа. Нападот на Металург играше катастрофално и, како секој поединец да се “тркаше” што повеќе ќе промаши. Ваквата игра резултираш е само со минимална предност на Металург, иако гостите до 24 минута имаа постојана предност од 1 до 3 голови, а Кузмановски тогаш израмни на 10:10. Потоа уследи серија голови во мрежата на Мамули и првиот дел, Металург го заврши со предност од 4 поени – 16:12. Второто полувреме во сосема друго издание за домаќ инот. Нападот функционираш е беспрекорно, гостите “издишија”, како да немаа повеќе сили да се спротивстават и на крајот доживеаја вистинска катастрофа – 43:22. Ако не беа промашувањето во првиот дел, можеби, уште 10-тина голови ќе беа пове- ќе во нивната мрежа.(В.П.)