Мексиканската боксерска атракција, Саул „Канело“ Алварез го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот, договорувајќи петгодишен „дил“ вреден 365 милиони долари за 11 меча со „ДАЗН“, сервисот за стриминг спортски видеа.

„ДАЗН“, кој се промовираше во САД во септември, ќе се обиде да го искористи празниот простор во пазарот откако ХБО неочекувано објави дека по 45 години боксерски мечеви, ќе престане со преносите во 2019 година.

Алварез има огромен број на фанови во Мексико и во САД и неговите мечеви „влечат“ стотина милиони долари преку пеј-пер-вју сервисите. Сега, нема да има пеј-пер-вју, туку само претплата за корисниците на „ДАЗН“, за 9.99 долари месечно.

Алварез исто така може да заработи и дополнителни пари ако донесе одреден број на претплати во текот на договорот. Тој влегува во рингот на 15 декември во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк на 15 декември против Британецот Рики Филдинг.

извор: Makfax