x

Кандидат за претседател на Барселона: Разговаравме со Клоп

klop-za-verner

Жорди Фаре, еден од кандидатите за претседател на Барселона, откри дека разговарал со Јирген Клоп околу можноста да ја превземе клупата на Каталонците.

Меѓутоа тој неколку пати искажа дека Куман, сепак, е добро решение.

„Ако Куман биде добро решение, тој ќе остане ако ја станат претседател“, изјави Фаре кој потврди дека разговарале со Германецот на клупата на Ливерпул.

„Веќе разговаравме со него, и се чини дека на Барса и треба таков тренер. Ова е вонреден момент, и Куман е добро решение за реномето на Барселона. Поради неговиот карактер, мислам дека тој е она што му треба на тимот“, рече Фаре.

Бартомеу сигурно ќе биде претседател до пролет 2021 година, до кога му е мандатот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата