x

Канаѓанецот влезе во друшвото на Џордан и Вест, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)

dzamal-marej

Шест од осум серии во првиот плеј-оф круг се завршени, една од нив ќе биде одлучена со мајсторка, откако Денвер Нагетс ја совлада Јута со 119-107 и изедначи на 3-3.

Јунак на Нагетс одново беше Канаѓанецот, Џамал Мареј, кој втор пат по ред постигна 50 поени, беше одличен во реализацијата од имаше 17/24, погоди девет од 12 тројки. Во целата серија Мареј има просек од 34 поени по натпревар, а во последните три меча дури 47,3.

На овој начин тој влезе во историјата на НБА-лигата. Само двајца играчи постигнале повеќе поени на три натпревари, а потоа се иконите, Џери Вест во 1965 и Мајкл Џордан во 1988 година.

Никола Јокиќ беше меѓу најдобрите со 22 поени, 4 скока и 9 асистенции.

Победникот од дуелот меѓу Денвер и Јута ќе игра против ЛА Клиперс.

Далас ја заврши сезоната, беше поразен од DЛА Клиперс со 111-97 за конечни 4-2. Лука Дончиќ постигна 39 поени, 9 скока и исто толку асистенции, на другата страна Ленард постигна дабл-дабл од 33 поени и 14 скока.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата