Пејачката Лајла Зое, која критиката ја споредува со Џенис Џоплин, со својот бенд ќе настапи во рамките на 19. по ред “Блуз и соул фестивал” кој на 20 и 21 септември ќе се одржи во Скопје. Интересно е што оваа светски позната музичарка потекнува од овие простори, а нејзиното презиме е Ставров.

Лејла Зое, инаку се смета за една од најдобрите вокали во Канада. Со Џенис Џоплин, пак, ја споредуваат токму поради вокалот и емотивниот сценски настап.

Таа има редовни успешни настапи ширум Америка, а последните години ја освојува и европската сцена. Зое со нејзиниот бенд има настапувано и на најреномираните блуз фестивали, како и со најдобрите блуз и рок изведувачи.

Свој настап на Блуз и соул фестивалот во Скопје, таа ќе има на 21 септември (21 часот) во Сити Хол (до МКЦ).

Фестивалот кој е во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе биде отворен ден претходно (20 септември) со настапот и блуз проектот на македонскиот гитарист Дамир Пух.
Според селекторот на Фестивалот Васја Ивановски, Пух е извонреден музичар, кој ќе направи одлична кариера. Затоа и додава, “неговиот настап не смее да се пропушти#. Истата вечер на Фестивалот ќе настапи и Гркот Сакис Доволис.

“Доволис е име на кое треба да се смета во иднина. Тој го завршува својот деби албум#, вели Ивановски и додава дека на Блуз и соул фестивалот, кој идната година ќе одбележи 20-годишен јубилеј и има значителна улога и надвор од границите на Република Македонија, настапиле многу познати музичари.

Билетите за Фестивалот се продаваат во Југотон и “Купи карти за се#.