x

Канаваро: Фудбал во Европа ќе нема уште најмалку два месеци

Тренерот на кинески Гвангжу Евергранде, Фабио Канаваро, тврди дека паузата на фудбалските терени може да трае „уште два месеци“.

Поранешниот италијански репрезентативец ја спореди ситуацијата со онаа што ја доживеа во Кина, каде беа потребни четири месеци додека да продолжат нормално сите спортските активности.

Серија А беше стопирана целосно на 9 март, еден ден по натпреварот меѓу неговиот поранешен клуб Јувентус и третопласираниот Интер. Канаваро вели дека е загрижен за моменталната состојба во Италија.

„Ја напуштив Кина на 5 јануари, a спортските активности започнаа на 1 април, така што тоа се четири месеци. Според мое мислење, ситуацијата е многу деликатна и мислам дека ќе трае уште два месеци. Се надевам дека ќе биде порано, но ќе биде комплицирано“, вели тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата