x

КАМ-БЕК ВО НАЈАВА: Де Роси се враќа во Рома!

de-rosi-2

Даниеле Де Роси, наводно, е на состанок со Рома за да разговара за негово враќање во клубот под водство на новиот претседател Дан Фридкин.

Поранешниот играч од средниот ред кој ја заврши играчката кариера, по кратката авантура во Бока Јуниорс, сега сака да започне ново искуство како тренер. Тој беше поврзан со работата во младинскиот тим во Болоња, но тоа официјално пропадна.

Според „Калчомеркато“, Де Роси ќе се сретне со извршниот директор на Рома, Гвидо Фиенга, за да разговараат за потенцијалната негова улога во новиот клуб по заминувањето на Палота и преземањето на клубот од страна на групацијата „Фридкин“.

Таткото на Де Роси, Алберто, е тренер на младинскиот тим на Рома од 2014 година и работи во рамките на академијата од 1997 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата