x

Кам-бекот на Карачиќ во Вардар станува реалност, Келце остана без главниот спонзор

Иако кам-бекот на Игор Карачиќ во Вардар изгледаше нешто далечно, по последните случувања во Полска, нема да биде изненадување доколку го видиме во дресот на актуелниот европски првак.

Келце остана без главниот спонзор – ВИВЕ, проблем за новата сезона и обидот да се задржат најдобрите играчи, меѓу кои и Карачиќ.

„Причината што ВИВЕ нема повеќе да биде спонзор се едноставни, компанијата е погодена од корона кризата, продавниците се затворени. Јас морам да бидам одговорен менаџер и да се грижам за вработените“, вели претседателот на Келце, Бертус Сервас.

Карачиќ одигра само една сезона во дресот на полскиот тим, тој долго време е во Македонија. Не е тајна дека првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски претходно остварил средба со хрватскиот репрезентативец.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата