За сите оние џентлмени со постојаниот внатрешен предизвик да го пронајдат вистинското парче накит за жената на својот живот, најдобриот совет останува непроменет: светкаво, скапо, дијамантско. Ова се најскапите парчиња накит во светот.
Хари Винстон
Дијамантски обетки 8.5 милиони долари
Куќата Винстон навистина знае како да ги разубави екстремитетите, а овие прекрасни обетки го потврдуваат токму тоа. Едноставни како капка солза, а сепак долговечни, овој пар обетки заедно има 60,1 карат и секој од нив е восхитувачки.

Chopard Дијамантско-смарагдно ланче
непроценето
Виртуелната каскада од бело зелени камчиња дефинитивно ќе ги задржи очите на сите на вратот на вашата сакана, во која и да е пригода. Направена е од 191 карат од најубавите смарагди на Колумбија и дијаманти во облик на капки. Преку оваа овицијална изјава “непроценетоè треба да сфатите дека ќе треба да издвоите 3 милиони долари и повеќе.
Graff
Модерен дијамантски син прстен, 2 милиони и повеќе

Сината боја на каменот е клуч за неговата цена, бидејќи ваквите дијаманти со модросина боја во светот се неверојатно ретки. Поставен на алка од платина со додаток на два помали дијаманти ова е навистина редок и преубав женски додаток.
Вилијам Голдберг
Модерно, шарено дијамантско ланче, 2 милиони долари
Која и да е бојата на вашите очи дефинитивно ќе одговара со ова дијамантско ланче создадено од Вилијам Голдберг, чие семејство има традиција на продавање накит на 5-та авенија веќе 50 години. Ова убаво ланче е направено од 45 карати на шарени дијаманти, секое од нив природно и поставено на основа од платина и 18-каратно жолто злато.
Левиев
Розово-бело дијамантско ланче, близу 2 милиони долари
Иако беа потребни повеќе од една година за да се пронајдат и да се состават вистинските парчиња дијаманти и потоа да се постават на основата од платина, според изгледот на ова ланче засигурно вредело да се чека.
Шанел
Бразлетна часовник 1.9 милиони долари

Постојат два типа часовници. Овие кои восхитуваат со својата комплицираност и оние кои восхитуваат со додатоците од благородни камчиња. Оваа бразлетна е направена од 18-каратно злато и 120 бисери со големина од 6мм и 133 дијаманти за целосен износ од 35,1 карат, вклучувајќи ги и 32 брилијанти од по 1 карат. А да, и ви го покажува времето, исто така.
Тифани
Дијамантски приврзок, 2,5 милиони долари

Доколку носите ланче со овој приврзок, ќе бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Со едноставен дизајн во облик на круша, овој приврзок паѓа нежно на вратот и ги привлекува очите на сите. Овој дијамант навистина го одзема здивот со својот гламур. Има 41,4 карати, придружен е со повеќе помали дијаманти со ист облик. Секој камен е на врвот по својата боја и чистота.
Нил Лејн
Дијаманско ланче, 1 милион долари и повеќе
Кога зборуваме за појавувањето на црвениот тепих во Холивуд, елитата најчесто му се обраќа на Нил Лејн. Ова елегантно ланче е дел од сетот кој оди со дијамантски обетки и е направен од 50 карати. Додадете и 5,63 карати по обетка поставени на платина и дефинитивно сте подготвени да зачекорите на црвениот килим.
Булгари
Ланче од сафири и дијаманти, 1 милион долари и повеќе

Ова восхитувачко ланче е направено од сафири и 951 тркалезно избрусени дијаманти и тежина од 66,5 карати, целосно обложено со жолто злато. Ова ланче е дел од Булгари’с Хигх Јењелрѕ Цоллецтион и дефинитивно неостварена желба на секоја жена со стил.