x

Каморанези и официјално нов тренер на словенечка Табор Сежана

Мауро Каморанези од денеска и официјално е нов тренер на словенекиот прволигаш Табор Сежана. Најавите од минатата недела денеска се остварија, а екс-фудбалерот на Јувентус и светски шампион со Италија од 2006 година, почнува нова епизода од својата тренерска кариера.

43-годишниот Каморанези се договорил со Словенците за договор на 1,5 година. Тоа значи дека тој ќе биде на клупата на Табор Сежана до крајот на идната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата