Шеесет и тригодишен маж е тешко повреден откако во него вчера удрил камион на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево. Според информациите, камионот го управувал Ц.С.(60) од Кичево.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

извор: Makfax