Во Мала станица, вечерва во 20 часот, македонската јавност ќе има можност да ја проследи “Изложбата на камените светла на Јадранот”. На изложбата ќе бидат претставени 25 фотографии на тема Хрватски светилници, а поставката, како што велат од Амбасадата на Хрватска во Скопје, е скромен придонес на историјата, сегашноста и иднината на светилниците на источниот брег на Јадранот.

“Пред крајот на деведесеттите години на 20 век Пловпут, државно претпријатие кое се грижи за сигурноста на пловидбата на Јадранот, покрена сложен инвеститорски проект Камени светла со цел оваа вредна национална оставнина да му биде претставена на светот.

Хрватскиот Јадран е автентична цивилизациска колевка повеќе од 5000 години, која ја има испишано својата историја на истите камени карпи на кои Австро-Унгарија во тек на 19 век ги изградила светилниците. Сместени на тешко достапни места, светилниците даваат единствено чувство на исконска убавина. Изградени од бел камен, со ѕидови дебели метар и повеќе, светилниците се најпријатните летниковци на Јадранот. Во областите на необјаснетата убавина, зградите на светилниците денеска вдомуваат и туристи со авантуристички дух, кои во тие историски објекти бараат одмор од брзото и напорно секојдневие…., велат од Хрватската амбасада.

За Хрватска, Јадранските светилници се спој на историјата, културното наследство, големиот капитал. Различните човечки судбини и легенди за нив исплетоа историја крунисана со морската пена, запишани во нивните камени ѕидини…

Изложбата ќе ја отворат Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и Златко Крамариќ, амбасадор на Хрватска во Македонија.

(Д.Т.)