Камала Харис ја прифати номинацијата на Демократската партија за потпретседателски кандидат на американските претседателски избори. За време на нејзиниот говор по номинацијата, таа ја истакна важноста на 100-годишнината од 19. амандман на Уставот на САД што на жените и овоможи да гласаат.

Харис рече дека е „посветена на вредностите на кои ја научила мајка и, посветена на тоа да научи да чекори со вера, а не со поглед, посветена на визијата што ја споделуваат генерации Американци – таа што ја негува Џо Бајден“.

„Тоа е визијата на нашата нација како сакана заедница, каде сите се добредојдени, без разлика на изгледот, потеклото или кого сакаме“, рече таа.

Харис го предизвика и претседателот Доналд Трамп и ги прозва теориите на заговор и расизмот во денешна САД, што често пати се поврзани со Белата куќа.

„Денеска оваа нација се чувствува одалечено. Неуспехот на лидерството на Доналд Трамп не чинеше животи и животни шанси“, додаде Харис.

 

извор: Makfax