Се урна хеликптер, при што загина пилотот за гаснењето на големите пожари коишто го зафатија центалниот дел на Калифорнија,САД, соопштија властите.

Хеликоптерот „Бел УХ-1Х“ бил на мисија во близина на градот Коалинг кога се урнал, пренесува Ројтерс.

На северот на Калиформија од понеделникот се активни десетина пожари, коишто избувнаа поради големиот топлотен бран и силниот ветер. Поради пожарите, кои се поделени во три зони, издадена е наредба за евакуација на населението во одредени области, додека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, во вторникот прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава.

Пожарите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија. Државната противпожарна служба наведува дека се зафатени вегетација, автомобили и куќи, а опустошени се најмалку 48.500 хектари, од кои некои се во близина на Лос Анџелес и Сан Франциско.

Илјадници луѓе се евакуирани северно и јужно од Сан Франциско, каде што се двете најголеми жаришта. Пожарите се шират по патиштата, а експлозиите на гасни цевки ги принудија жителите на неколку куќи во општината Вакавил итно да се евакуираат.

извор: Makfax