Голем број луѓе денеска заминаа на плажите во Калифорнија и покрај апелите на властите да избегнуваат такви излети и да продолжат да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Илјадници луѓе во текот на викендот заминале на калифорниските плажи Њупорт и Хантингтон, а гувернерот Гавин Њусом се осврна на предизвиците со кои ќе се соочат многу жители на Калифорнија со доаѓањето на топлото време.

Тој на Твитер напиша:

Калифорнија може да продолжи да ја исправа кривата само ако останеме дома и го почитуваме физичкото дистанцирање.

Имате моќ буквално да спасите животи, додаде тој.

Полицијата во Пацифик Гроув ја затвори плажата затоа што се создала гужва и луѓето не ги почитувале ограничувањата.