– Дали Калиопи е бремена?, – е топ прашање во трач муабетите низ скопските кафулиња. Одговорот на оваа прашање, дефинитивно, уште малку ќе се пролонгира, с&”238; додека вистината не излезе на виделина. За колку месеци тоа ќе се случи, и дали воопшто ќе се случи, може само да претпоставуваме. Свадбената церемонија, најкрупното издание досега на Калиопи и нејзината изјава дека сака да има дете со Васил го подгреаја муабетот за бременоста на нашата поп дива. Патем, да кажеме дека Калиопи и Васил се подготвуваат за меден месец во Куба каде, далеку од очите на јавноста, спокојно ќе уживаат на некоја од кубанските плажи. Во меѓувреме македонската сеирџиска јавност ќе продолжи да си муабети за приновата на Калиопи. (А.Н)