x

Калиниќ се пресели во Шпанија

По пет години во дресот на Фенербахче, Никола Калиниќ одлучи дека е време за промени. Српскиот кошаркар одлучи да се пресели во Шпанија и тоа во тимот на Валенсија, кој подготвува одличен состав за новата сезона.

Калиниќ имаше понуда и од Макаби Тел Авив, но сепак се одлучи за АЦБ-лигата, и секако за клубот, кој исто така ќе настапува во Евролигата.

Во својата кариера настапуваше за Спартак Суботица, Нови Сад, Војводина, Раднички и Црвена Звезда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата