x

Калиниќ мора на операција, го скрши носот

Кошаркарот на турски Фенербахче, Никола Калиниќ го заврши натпреварот од 9. Коло во турското првенство против Дарушафака со скршен нос. Неколку часа по натпреварот во неделата, Фенер објави дека Србинот ќе биде подложен на операција во понеделник, без да додаде детали за периодот за закрепнување.

На девет натпревари во Евролигата оваа сезона, српскиот кошаркари имаше во просек 5,3 поени, 3,1 скока и 1,2 асистенции по натпревар.

Фенербахче моментно има само три победи на 10 меча во Евролигата и ќе мора значително да ја поправи формата, ако сака да се врати при врвот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата