Но, нејзиното последно момче, 32-годишниот шкотски ди-џеј Калвин Харис е решен овој пат „да ја претрка” и тој да напише песна за крајот на нивната врска.

Двојката се запозна на доделувањето на наградите „Епл Стајл” и нивната врска траеше 15 месеци. Оставија впечаток на совршена двоојка, но на почетокот на месецов ја прекинаа љубовната врска, наводно поради тоа што Калвин сметал дека „меѓу нив веќе нема никаква страст”.

Сепак, се чини, дека 26-годишната пејачка не е премногу погодена од тоа, бидејќи уште во мај беше видена како цела вечер танцува со Том Хидлстоун, со кого сега наводно е во врска.