x

Каланоски пред трансфер во Пелистер!?

kalanoski-pelister

Антонио Каланоски, еден од најдобрите фудбалери на Беласица, како што дознава СПОРТМЕДИА, е пред можен трансфер во Пелистер оваа зима. Офанзивецот на струмичани кој има 26 години, беше трансферна цел на битолчани и во последните два преодни рока, но тогаш Охриѓанецот не дојде под „Тумбе Кафе“. Оваа зима веројатно ќе биде трета среќа и за Каланоски и за Пелистер.

Инаку Каланоски, иако релативно млад има променото голем број клубови во својата кариера.

Прво започна во Охрид, па потоа во Металург, па следеа Локомотива, Напредок, Еуромилк, Царев Двор, Борец, Силекс, Струга Трим Лум, Победа и Беласица.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата