x

Каладзе го „распнаа“, а тој се правда

04186dcef5ec05b3ecdac8d4aba1e208

Не е лесно да си Грузиец денеска. Уште потешко е да си Грузиец поврзан со фудбалот. А пак ако си најдобриот Грузиски фудбалер на сите времиња, па одозгора и градоначалник на главниот град Тбилиси е тогаш дефинтиивно си на мака.

Е во таква ситуација денеска е Каха Каладзе. Екс играчот на Милан, голема Грузиска фудбалска легенда, кој е поставен на столбот на срамот, затоа што вчера мечот против Македонија го гледал во живо заедно со неговиот син, а не од дома како што протоколите наложија на остатокот од Грузискиот народ.

„Искрено ми е жал што загубивме и што се скршени срцата на цела Грузиска нација. Јас не бев на стадион како градоначалник или како политичар бев како поранешен фудбалер и репрезентативец“ – се обидува да го оправда своето присуство Каладзе, а е нападнат на социјалните мрежи како никогаш досега.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата