Како што ја подготвуваат Грците: ПЕЧЕНА ЦИПУРА

ЗА РЕЦЕПТОТ
Порции: 2 порции
Време на подготовка: 10 минути
Време за печење: 1 час и 15 минути
СОСТОЈКИ
- ~500 g./1 ципура
- 2 компири
- 1 морков
- неколку печурки
- 1 лимон, исечен на кругови
- 1/2 шоља бело вино
- зеленчуков бујон или вода
за полнењето:
- 2 кисели краставици
- 1 мал морков
- грст магдонос
за зачинување:
- неколку лажички сол, по можност крупна
- неколку лажички мелен црн бибер, свежо мелен е подобар
- неколку лажички сув босилек или оригано
- неколку лажици растително масло
- неколку чешниња лук
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
- За подготовка на овој рецепт почнете со спремање на полнењето – исецкајте ги на ситни парчиња краставичките, морковот и магдоносот.
- Излупете и исечете на парчиња компирите
- Исечете го морковот па парчиња со иста големина како компирите, за да можат во исто време да се испечат.
- Подгответе ја рибата со зачинување и однадвор и одвнатре, потоа направете неколку засеци во кожата и од едната и од другата страна на рибата и пикнете парчиња лук во нив.
- Исполнете ја внатрешноста на рибата со полнењето, не грижете се дали ќе се истури од рибата во текот на печењето – нема.
- Намрсете тава за печење, наредете ги компирите и морковите во неа, врз нив ставате ја рибата за дното на рибата да не се лепи на дното на тавата и добро да се испече. Додадете ги печурките во тавата.
- Испрскајте се со масло и зачини. Наредете ги круговите лимон врз рибата и сипете го виното во тавата. Покријте со алуминиумска фолија и печете на 200С во загреана рерна околу 30 минути, потоа отстранете ја фолијата и печете уште 45 минути. Уживајте.
За повеќе детали како да го подготвите рецептот, погледнете го видеото подолу.