И потпишана изјава за конфликт на интереси треба да достават фирмите кои добиваат парична помош како дел од документацијата опфатена со договорот за финансиска поддршка. Владата донесе одлука дека компаниите кои се стекнале со право за финансиска поддршка мора да го исполнат и овој критериум пред да се потпише договорот.

Како што веќе објавивме Владата вчера ги разгледа информациите за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе од 100 компании во, согласно кој за прв пат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании. Фактор ја објави и листата на фирмите кои се одбрани.

Со договорите за доделување на финансиска поддршка кои се одобрени, се исполнува првата фаза, по што ќе следуваат наредните кога компаниите ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите, по што ќе следува исплатата на одобрените средства до крајот на оваа година.

Ова е најновата листа на 100 домашни фирми кои добија државни пари: Има печатници па и пекарници

Фото: архива