Како Србите ќе гласаат за исто!?
За Србија да добие нов устав, потребно е на 28 и 29 октомври, своето “да” да го заокружи 3.266.471 граѓанин, пред кого ќе биде референдумското прашање: “Дали сте за потврдување на новиот устав на Србија”. Таа бројка е 50 отсто плус еден од запишаните 6.532.940 гласачи.
Срби како Срби, предвиделе и најцрна варијанта: Што ако референдумот не помине? Според Законот за референдум предвидени се две можности. Првата е да се чекаат најмалку шест месеци, па повторно да се гласа за истото прашање. Втората е да се распишат избори за уставотворно собрание. Аналитичарите велат дека ови две варијанти не се случајно уфрлени, бидејќи во Србија тешко се случува на избори да излезат повеќе од 50 отсто избирачи, а згора на тоа уште “понезамисливо”, да гласаат за едно исто!
Без оглед на оваа дилема, повеќе нема назад: претседателот на Собранието Предраг Марковиќ го распиша референдумот, а на политичките партии, кои се големи оптимисти, им остана помалку од 30 дена да ги убедат граѓаните да излезат и да го заокружат судбинското “да”.