Бели заби – Одвреме-навреме добро соџвакајте неколку ливчиња целер. Не само што забите ќе бидат побели, туку ќе исчезне и лошиот здив.

Перут – на измиена и се уште мокра коса втријте сол, па по 10 минути исплакнете ја.

Негувани раце – пред спиење премачкајте ги рацете со сок од портокал, ќе станат меки и нежни.

Сенката да трае подолго – капаците претходно премачкајте ги со неколку капки сок од лимон и оставете да се исуши.

Траги од боја за коса – остатоците од боја зад ушите и на челото најлесно се отстрануваат со пепел од цигара.

Масло за сончање – можете да го подготвите сами со мешавина од 1/3 морска вода, 1/3 сок од портокал и 1/3 масло, најдобро бадемово.