x

Како ретко досега: Викендов три градски дербија во ПМФЛ!

arena-slika-nova

Викендов се игра последното 11. коло од првиот круг сезонава во ПМФЛ. Не се сеќаваме досега наназад неколку сезони, во едно коло да имало три градски дербија, а викендов ќе се води битка за Скопје, за Тетово и за Струмица, и се во едно коло.

Прво во сабота на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, од 13:30 часот, се среќаваат Работнички и Шкупи, тоа е старо скопско дерби. Утредента се игра мечот меѓу Ренова и Шкендија, тетовско дерби за тоа кој е главен “фраер“ во градот под Шара, и во Струмца на стадионот “Благој Истатов“ се среќаваат Академија Пандев и Беласица. Тука ќе биде жестоко, убаво се сеќаваме пред две години што се случуваше пред, за време и по натшреварите меѓу овие две екипи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата